Мое видување за филозофијата и целите на наставата
Мојот став е дека секое дете е уникатна индивидуа на која му е потребна атмосфера која е сигурна и поттикнувачка во која тоа ќе расте и ќе созрева емотивно, интелектуално, физички и социјално. Мојата желба како едукатор е да им помогнам на учениците да ги достигнат нивните највисоки потенцијали со обезбедување на средина која е сигурна, која поттикнува преземање на ризици и споделување на идеи. За оваа цел јас ја започнувам секоја академска година со поставување на лични и професионални цели кои претставуваат фокусни точки за индивидуален развој и основа за идни рефлексии кои помагаат за понатамошно поставување на нови цели. Следните принципи ја рефлектираат мојата филозофија на улогата на наставникот во образовниот систем.