Silent Card Shuffle
Silent Card Shuffle е кооперативна стратегија која се состои од неколку дела: секвенцирање, класификација, поврзување и мапирање. Оваа кооперативна стратегија ги инволвира сите нивоа од Блумовата тасономија.
Еве еден пример за употреба на стратегијата кога сакаме учениците да повторат/ вежбаат Parts of Speech.
Во оваа активност, правиме картички кои претставуваат именки, глаголи, придавки, прилози, членови, предлози и заменки. Правиме табела (како оваа линкот подоле), од истата правиме копии и ги сечеме картичките и потоа ги ставаме во пликоа за секоја група. Правилото овде е дека има 6 картички за секоја од 7-те категории вклучувајќи ги и насловите на секоја група.

Сет од картички се дава на секоја група и започнуваме со активноста. Активноста има 5 чекори:
Чекор 1. Тивка класификација на картичките
Во групи, непоголеми од 4 членови, учениците започнуваат со задачата. Во нашата активност учениците треба да ги класифицираат картичките. Во оваа фаза не е дозволено зборување.
Чекор 2. Предизвикување, oправдување и подобрување
Кога ќе завршат со класифицирањето на картичките и на даден знак од наставникот, групата може да зборува, да се предизвукуваат едни со други, да ги оправдаат својот избор и да направат промени доколку сметаат дека тоа е потребно.
Чекор 3. Смена и набњудување
Оставајќи еден член во групата кој ќе биде нејзин Преставник, другите 3 ученици ги посетуваат другите групи и ги набљудуваат класификациите на другите групи. Можат да поставуваат прашања на Преставникот на групата и да го изразат нивното мислење, но НЕ СМЕАТ да направат никакви промени.
Чекор 4. Враќање во групите и промена на изборот
Учениците се враќаат во своите групи и врз база на нивните набљудувања и дискусии во другите групи, одлучуваат дали сакаат да направат промени на својата класификација.
Чекор 5. Откривање на одговорите и објаснувања
Наставникот ги прикажува одговорите во табела и учениците самите ги корегираат во своите групи и поведуваат дискусија околу класификацијата.
Оваа активност може да се прошири понатаму со тоа што сега учениците ќе треба да направат најдобра реченици употребувајќи ги дадените зборови. Може да се направи еден вид на игра од ова со пишување на поени на задниот дел на картичките, како на пример Членови, Предлози и Заменки 1 поен, Именки и Глаголи 3 поени, Прилози и Придавки 5 поени. На тој начин учениците ги собираат поените на картичките употребени во нивната реченица за да видат која група ќе освои навеќе поени.

scs_language_build_cards.pdf | |
File Size: | 72 kb |
File Type: |
scs_layout_guide.pdf | |
File Size: | 11 kb |
File Type: |